Насловна Актуелно Вести Пуштена во употреба кружната раскрсница на влезот во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Пуштена во употреба кружната раскрсница на влезот во Берово

Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември, Општина Берово го одбележа со пуштање во употреба на уште еден капитален инфраструктурен проект од огромно значење за општината – Кружната раскрсница на влезот во Берово.

-Изградбата на оваа кружна раскрсница е овозможена преку средства од Владата на РМ преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и сметаме дека таквото решение ќе биде долго користено за доброто на граѓаните од Општина Берово, а се разбира и сите тие кои се учесници во сообраќајот од земјава и пошироко кои ќе се почувствуваат побезбедни – истакна градоначалникот Наџински.

Влезот во Берово беше црна точка во сообраќајот во изминатите години што бараше итно решавање, а токму кружниот тек е најдоброто решение преку кое значително е подобрена безбедноста на одвивањето на сообраќајот во овој дел од Берово.

Проектот се реализираше во последните неколку месеци со средства во висина од 8.530.000 денари со кои се изведени градежните активности за изградба на асфалтната конструкција, пешачки зони, осветлување и вертикална и хоризонтална сигнализација, додека дополнително преку Буџетот на Општина Берово е извршено и хортикултурно уредување на кругот од раскрсницата со што е добиен еден комплетен изглед со пропишаните стандарди за ваков тип на раскрсници.

 

Општина Берово и во тековниот период продолжува со реализација на инфраструктурни проекти преку кои во тек се активности на повеќе улици во Берово и во селските населби кои се дел од годишните програми за работа и дел од заложбите на градоначалникот Наџински за обнова на сообраќајната мрежа.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии