Општина Берово ги анимира угостителите за Етно Плоштад Фестивалот
Насловна Култура Етно Плоштад Фестивал Општина Берово ги анимира угостителите за Етно Плоштад Фестивалот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Општина Берово ги анимира угостителите за Етно Плоштад Фестивалот

Општина Берово ги започна активностите за организирање на најголемиот културен настан кој се организира на територија на општина Берово, Етно Плоштад Фестивал 2016.

Главната сцена ќе биде поставена на улицата Маршал Тито исто како минатата година. Општината  изготви план на просторот на центаралното градско подрачје со определени маркици за заинтересирани субјекти кои ќе имаат можност да постават урбана опрема (шанкови, маси и столови) за зголемување на капацитетот на угостителски услуги. Во планот освен урбана опрема ќе бидат вцртани и локации на кои ќе може да се постави опрема за печење на месо и месни производи (скара). Локациите за скара ќе бидат планирани на места каде што максимално ќе се намали можноста за ширење на непријатен чад на посетителите.

Сите заинтересирани угостителски субјекти кои ќе поднесат барање за поставување на урбана опрема за да добијат одобрување од општината ќе мора да ги исполнат основните критериуми кои ќе бидат определени од комисијата за поставување на урбана опрема. Целта на оваа активност е урбаната опрема што ќе биде поставена да биде во добра состојба за да не го наруши изгледот на полоштадот и нивото на фестивалот.

Персоналот кој ќе биде ангажиран во угостителските објекти и дополнителните угостителски пунктови, од организаторот ќе добие унифицирани маици со дизајн препознатлив за фестивалот.

Оваа година фестивалот ќе биде организиран на 26, и 27 август (петок и сабота). Овие денови угостителските  објекти ќе работат продолжено на работното време за сите угостителски објекти во градот.

Во склоп на фестивалот повторно ќе биде организиран Саемот на еколошки производи и сувенири „Малешевијата на дланка“.

И оваа година фестивалот го задржува концептот за промоција на музичка програма со високи културни вредности.

Пријавувањето се врши во просториите на општина Берово.

Одговорно лице Марин Демировски

 

Тел. 033.471 057 лок. 104 /  071 313 720

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии