Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2016
Насловна Култура Етно Плоштад Фестивал Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2016

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2016

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да Ве известиме дека оваа година на 26 до 28 август под покровителство на Општина Берово ќе се одржи:

Етно Плоштад Фестивал

Реномиран музички фестивал и саем за зачувување на културното наследство. Концертната фестивалска програма ќе биде во два дена на која ќе настапат балканската музичка звезда Северина, Фолтин, Нокаут, Влатко лозановски, Горан Алачки и многу други.

 

Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на трдиционални локални производи „Малешевијата на дланка“.

Саемот има за цел на едно место да ги изложи и презентира традиционалните производи во три сектори: здрава храна, вешти раце-ракотворби и сувенири и резби.

Општина Берово Ве поканува, доколку сте заинтересирани за претставување и промоција на локалните производи,  во прилог на поттикнување на локалниот економиски развој,  да земете учество на оваа манифестација. Пријавувањето за учество на саемот е до 15 август 2016 година со пополнување на пријавaта (превземи пријава).

Закупот на тезга за трите дена од саемот е во вредност од 500 денари кои се уплатуваат на сметката на фондацијата Бизнис инкубатор.

За детални информации дојдете во просториите на општината или јавете се на:

 

Александар Ружински во Општина Берово

Тел: +389 33 471 057

Моб: +389/078 271 818

e-mail:alek.ruzinski@hotmail.com

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии