Насловна Култура Етно Плоштад Фестивал Етно Плоштад Фестивал во Берово - Фестивал кој не треба да го пропуштите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Етно Плоштад Фестивал во Берово - Фестивал кој не треба да го пропуштите

Во пресрет на големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“ - Голема Богородица (28ми Август), Берово секоја година во последниот викенд од месец Август е жариште на културниот бран кој ги обедини сите кои уживаат во мелоритмот на етно музиката вклопени во еден од најголемите фестивали на отворено во Македонија и пошироко - Етно Плоштад Фестивал.

Етно Плоштад Фестивал секоја година ја покажува својата големина. Подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливо фолклорно богатство негувано од нашите музички амбасадори кои се предвесници на бурата во која низ миговен отсрел на непресушен вековен процес на преродување се отсликува македонскиот идентитет.

Музиката како универзален јазик на фестивалот се изведува од нашите најдобри етно групи и културно уметнички друштва кои се воедно и најголеми светски македонски амбасадори на македонското и традиционалното.

Етно Плоштад Фестивал ги пренесува и етно звуците на балканската музика која дава допринос кон издвојување на сето она кое е карактеристично за самиот Балкан и традицијата која ја негуваат нашите соседи.

Балканскиот фјужан го разбиваат шармот на танчерките од Бразил, Америка, Франција, Словенија, кои на публиката во Берово ја пренесуваат магијата на традиционалните танци од целиот свет.

Вистинска магија на настанот дава и интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ кој се одржува во склоп на фестивалот. Шаренилото од бои и богатството на производи на бројните штандови му дава посебен дух на целиот плоштад. Тука може да најдете ракотворби, сувенири и резби изработени на традиционален начин или стилизирани. Може да вкусите и од медот, млечните производи, сокови, оцет или од тестенините. Се е подготвено по традиционални рецепти,  од природни суровини.

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии