Форум за алтернативен туризам
Насловна Туризам Туризам Форум за алтернативен туризам

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Форум за алтернативен туризам


Oдржан првиот балкански форум за алтернативниот туризам

Скопје, 16 ноември (МИА) - Соработка и вмрежување на туристичките субјекти од Балканот за создавање автентичен балкански туристички производ, е заклучокот од првиот балкански форум за алтернативен туризам што викендов се одржа во Скопје и во Берово.

- Балканските земји, Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија, имаат силен потенцијал за развој на алтернативниот туризам - природно и културно наследство и традиција. Крајно време е тоа да се искористи. Доста беа делби, време е за соработка и поврзување за да се врати позитивниот имиџ. Еден од најефикасните начини за тоа е развојот на туризмот, посебно алтернативниот, беше истакнато на Форумот.

Според учесниците, во Македонија треба да се формира кластер за алтернативен туризам што ќе ги решава проблемите и ќе го стимулира неговиот развој преку поглема едукација, посилна промоција и работа на  меѓународни проекти.

Во текот на дискусијата беше нагласена потребата од поскоро отворање на граничниот премин Клепало кој се наоѓа 15 километри од Берово и за кој од македонската страна,  патот е асфалтиран, а подготвен е и објектот за граничниот премин. Пуштањето на овој граничен премин ќе даде силен импулс за економски и туристички развој на Берово и неговата околина.

- Алтернативниот туризам подразбира зачувување на животната средина, на традиционалните амбиентални и пејсажни вредности. Новоизградениот хотел „Манастир“ и комплексот „Аурора“ кај Беровското Eзеро се добри примери кои треба да се следат. Потребно е лиценцирање на планински водичи за што поднесов предлог измени и дополнувања во Законот за туристичка дејност кои се веќе во собраниска процедура, изјави пратеникот Лилјана Поповска, лобист за туризмот во македонското Собрание.

Форумот го организираа Балканската асоцијација за алтернативен туризам „Балканија“ и Општина Берово. Владо Србиновски, претседател на „Балканија“, по завршувањето на овој, го најави одржувањето на вториот Балкански форум напролет во Бугарија. мч/скс/14:44

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии