Насловна Актуелно Вести Факти наспроти “НЕПРОДУКТИВНОСТА“ на Матеничарски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Факти наспроти “НЕПРОДУКТИВНОСТА“ на Матеничарски

Претседателот на Советот на општина Берово Јован Матеничарски се погласно зборува дека токму тој е оној кој заедно со неговата советничка група од СДСМ извршил пренамена на непродуктивни средства во Буџетот за 2016 година, насочувајќи ги во ставки кои ќе бидат продуктувно искористени.

Но дали тоа неговото “НЕПРОДУКТИВНИ“ е токму така како што го пласира во јавноста?

Ова е прашање кое заслужува одговор лично од него, зашто за него се што ќе донесе бенефит на општината во сите сфери од развојот е непродуктивно, а продуктивно е само тоа да се размрдуваат фактите и функционирањето на институциите кои се опфатени како единки кориснички на Буџетот на општина Берово.

Средствата за проектите за водоснабдување на Ратево и Двориште се обезбедени од Министерство за транспорт и врски

Факт е дека средствата за реализација на проектот „Водоснабдување на с.Ратево – Приклучен цевковод од регионалниот водоснабдителен систем во Општина Берово“ се обезбедени уште минатата година опреку Министерството за транспорт и врски од Европска Инвестициона Банка, а и покрај тоа мнозинството на Советот надвор од сите институционални процедури донесе „Одлука“ средства во висина од 1.580 000 денари од ставки кои се програмирани за тековно работење на институцијата ги префрли на ставката - Изградба на систем за водоснабдување на с.Ратево и с.Двориште.

Од ставката Патни и дневни расходи се намалени САМО 150.000 денари, наспроти лагата на Матеничарски дека се одземени 3.500.000 од ставка наменета за патување во земјата и странство.

Еве кои се и другите непродуктивни трошења:

СДСМ го блокира нормалното функционирање на домот за стари лица

Од програмата - Домови за стари лица ставката 401 и 402 Основни плати и Придонеси за социјално осигурување се избришани 1.155.000 денари.

Платите и придонесите за ангажираните лица во Социјалната установа за грижа за стари лица д-р Иван Влашки се други непродуктивни трошења?!?

СДСМ и во Берово работи против интересите на граѓаните. Домот за сместување на стари лица е првата општинска установа од овој вид во регионот. Најголемиот дел од средствата за изградба на домот се донација од Холандско-Македонската хуманитарна организација. Од оваа установа имаат потреба голем број преставници на оваа ранлива група.

Советот донесе одлука за изградба и регистрација на установата. Во одлуката сами се задолжија во рок од 60 дена да формираат управен одбор на институцијата, а сега го блокира нормалното функционирање и одобрувањето на средства за ангажираните лица во домот.

Според СДСМ работата на Детската градинка е “НЕПРОДУКТИВЕН ТРОШОК“?!?

И детската градинка е НЕПРОДУКТИВНО ТРОШЕЊЕ за Матеничарски, па средствата од програмата V10 Детски градинки  во висини од 830.000 денари се префрлени на ставката 464 Разни трансфери А00 Совет на општина.

Средствата за детската градинка според Матеничарски се токму тоа. Други непродуктивни трошења???

На општина Берово не и се потребни трансфери на средства од Владата на РМ?!

Непродуктивни се и средствата од Владата на РМ кои Матеничарски и Советот НЕ ДОНЕСУВААТ ОДЛУКИ да бидат вградени во Буџетот на Советот, а зошто?

За да се реализираат проекти во образовните институции, за културни настани, за инфраструктура...

Ама сепак се НЕПРОДУКТИВНИ, зашто со нив се гледа дека општината се развива и бенефит имаат сите граѓани, додека целта на Матеничарски е јасна. Кочење на овој континуиран развој.

Лагите дека спречува средства на градоначалникот за “роуд шоуа“ што ги дава во медиумите се само лага со која сака да го девалвира работењето на градоначалникот, додека со парите кои ги пренасочи ги закочува институциите кои имаат социјална дејност притоа заборавајќи дека грижата за нашите деца и нашите стари лица е токму на нив, на оние на кои граѓаните им го дадоа мандатот.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии