Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Општина Берово спроведува јавна анкета и презентација по нацрт - планот “Урбанистички план за село Ратево“

Напишано од Administrator
ПДФПечатиЕ-маил
20
Окт
2015

Врз основа на чл. 24, став 11 од Законот за просторно и  урбанистичко планирање, (*Сл. весник на РМ* бр. 51/2005, 137/2007 и 91/2009), а во согласност со Програмата за изработка на урбанистички планови, донесена од Советот на Општина Берово, градоначалникот спроведува:

јавна анкета и јавна презентација

по Нацрт-планот „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАТЕВО

КО Ратево, Општина Берово

Се организира јавна анкета и јавна презентација по Нацрт верзијата за „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАТЕВО“ во Општина Берово - со дефиниран плански опфат од 26,97 Ха, КО Ратево, Општина Берово, а од стана на од ППИУП „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга, ДЕ Скопје,

Графичкиот приказ на Нацрт верзијата за „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАТЕВО, Општина Берово, е во размер 1:2500, и истиот во наведениот временски рок, ќе биде изложен Берово во просториите на Општина Берово и во центарот на селото.

Јавната анкета по Урбанистичкиот план ќе трае 15 дена, и тоа од: 09.10.2015 г. до 24.10.2015 г, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица за подрачјето опфатено со планот ќе можат да достават свои забелешки, предлози и мислења на АНКЕТНИ ЛИСТОВИ, кои ќе можат да ги добијат и достават до Одделението за урбанизам при Општина Берово.

Јавната презентација по Нацрт планот „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАТЕВО“ во Општина Берово, со изработувачот на планот ППИУП „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга, ДЕ Скопје, ке биде организирна во големата сала во објектот на Општина Берово, на ден 21.10.2015 година (среда), со почеток во 14,00 часот.

 

Градоначалникот на општината, ќе формира комисија која треба да изработи извештај од јавната анкета и презентација, со образложение за прифатените и неприфатените забелешки и мислења, и да го извести секое лице кое поднело анкетен лист. Комисијата ќе биде составена од три члена и тоа: од носителот на изработката на планот, одговорно лице од општинската администрација надлежно за урбанистичко планирање, и истакнат научен и стручен работник со соодветна лиценца.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии