Насловна Актуелно Вести Прес конференција на градоначалникот на општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Прес конференција на градоначалникот на општина Берово

Почитувани,

Општина Берово е место каде во изминатите неколку години забрзано и континуирано се работи во подобрувањето на условите за живеење на населението во сите сфери на општествено делување.

 

Реализација на огромен број на проекти кои неможеме да ги заобиколиме поради нивната видливост и реално постоење е столбот кој ме води како градоначалник на општина Берово за и понатаму да продолжиме со овој тренд... тренд на градежна експанзија во кој граѓаните ја гледаат разликата, зашто разликата е токму подобрените услови во нивниот секојдневен живот.

Во изминатите години континуирано се подобрува патната инфраструктура во општината. Реконструирани и рехабилитирани се локалните патишта до населените места, изградени и реконструирани се најзначајните улици од уличниот систем во Берово, улиците од централното градско подрачје, како и доста голем број на улици кои се надвор од централното подрачје но се од огромно значење за сите жители. Овој тренд на изградба на патната инфрастуктура продолжи и во изминатиот едногодишен период во кој беа опфатени голем број на улици преку проекти реализирани преку Буџетот на општина Берово и проекти кои се реализираа со подршка од Владата на Република Македонија.

Во Берово во последните неколку месеци се реализирани неколку проекти за подобрување на уличната мрежа преку кои се реконструирани улицата “Даме Груев“, ул. “Ленинова“, ул.“Неретва“ и една од главните сообраќајни артерии во Берово, ул.“Страшо Пинџур“, додека проширена е и тротоарската мрежа со изградба на тротоарска површина на двете страни на ул.“11 Октомври“, а се работи и на тротоари на ул.“Дамјан Груев“.

Во тек е реализацијата на проект преку кој ќе се асфалтира локалниот пат Берово – Милина црква во населбата Брдославица во Берово, а во фаза на реализација е и проект преку кој ќе се пробие и тампонира ул.20 во населбата Ширината во Берово.

Во Берово до крајот на 2015 година е планирано да се изврши реконструкција и на дел од ул.Маршал Тито во потегот од ЈПКР“ Услуга“ до раскрсницата со ул.“Моша Пијаде“.

Овој тренд на подобрување на уличната мрежа се забележа и во селските населби во општината, со што наголемо е подобрена патната инфраструктура во сите населени места.

Во тој контекст, во Будинарци моментално се работи на изградба на две улици, во Ратево ќе биде изградена улица во Мишовско маало, додека во Русиново ќе биде изградена ул.Даме Груев.

Општина Берово во овој период во голема мера инвестираше и водоводна и канализациона инфраструктура во сите населени места.

Во туристичката населба Беровско езеро пред некој ден започна изградбата на колекторот за отпадни води во должина од 800 метри, а се започнува со реализација и на уште еден капитален проект во вредност од 5,5 милиони евра преку кој ќе се доизгради и реконструира канализационната мрежа во Берово, Русиново, Владимирово и Смојмирово.

Во полето на водоводи, веќе се работи на изработка на проекти за изградба на водоводи во с.Ратево и с.Двориште, поставена е нова водоводна линија на ул.Дамјан Груев“ и “Неретва“ во Берово, на ул.Даме Груев во Русиново и на една улица во Владимирово, додека претходната година е извршена и комплетна реконструкција на пумпната станица во Русиново.

Владата на РМ започна на месноста Шушлевец во близина на Берово започна со реализација проект за изградба на Технолошко индустриска развојна зона која ќе се простира на 17 хектари и ќе има 8 парцели, а со инвестиција вредна 2 милиони евра се започна со изградба и на два комплекси на објекти за производство на електрична енергија на Клепалска Река.

Во полето на социјалната заштита, општина Берово е првата општина во регионот која изгради и ќе стопанисува со Дом за згрижување на стари лица. Првата фаза од домот е веќе изградена со средства од Буџетот на општина Берово и од Хуманитарната фондација Македонија – Холандија, додека веќе се започна и со реализација на втора фаза во која ќе биде реконструиран и пренаменет уште еден објект со кој ќе се прошири капацитетот на домот.

Преку Буџетот на општина Берово е решен и уште еден проблем на жителите од општината... изградена е капела до црквата Св.Тодор во Берово која ги има сите потребни простории за објекти од ваков тип.

Со средства обезбедени од Владата на РМ се заврши и со изградбата на велосипедско – пешачка патека околу Беровското езеро која е одлична содржина која ќе допринесе за развој на туризмот во општината.

Подобрувањето на условите во училишните објекти е дел од заложбите на општина Берово со што постојано се работи на реконструкција и на санација на проблемите со кои се соочуваме.

Преку средства обезбедени од Владата на РМ во ООУ “Никола Петров Русински“ се инсталираше нов современ систем за парно греење, додека во Берово во тек е промена на кровната конструкција на ОСУ “Ацо Русковски“ каде се реализира уште еден проект за реконструкција на една училница која ќе се пренамени за потребите на угостителско – туристичката струка и која целосно ќе биде опремена со потребната опрема.

Општина Берово успешно ги искористува и претпристапните фондови на Европската унија, па преку проект вреден 500 евра во тек е комплента реконструкција на детската градинка во Русиново.

Еден од приоритетите на општина Берово се и инвестициите во спортот и спротските активности. Во ова поле веќе се работи на реконструкција на спортските терени на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, додека во тек на изработка е и проект за реконструкција на спортските терени на подрачното училиште во Будинарци.

Секако, ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму да работиме со исто темпо на работа за општина Берово да го достигне нивото кое го имаме замислено и да ги реализираме проектите кои се од огромно значење за сите нас, а сите ние заедно можеме да постигнеме уште повеќе.

Ви благодарам

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии