Општина Берово објави оглас за отуѓување на градежно земјиште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Општина Берово објави оглас за отуѓување на градежно земјиште

Напишано од Administrator
ПДФПечатиЕ-маил
17
Апр
2015

Општина Берово објавува оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти за домување во стамбени куќи A1(семејни куќи со градини, индивидуално домување во викенд куќи, становање, индивидуално домување со терцерни дејности), во туристичката населба „Суви Лаки“, Комерцијалнии и деловни намени  Б5 (хотелски комплекси) во туристичката населба „Беровско езеро“, и објекти за домување од  A1 и А2 (домување во семејни куќи со градини, и колективно домување) во градот Берово, Општина Берово.

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичка населба „Суви лаки“, донесен со одлука бр. 07-974/1 од 15.08.2007 година, Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичка населба „Беровско езеро“, донесен со одлука бр. 07-1291/1 од 06.07.2012 година, и Измена на ДУП на Берово, усфоен со Одлука бр. 08-268/1 од 29.01.2014 год, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена - домување во стамбени куќи (семејни куќи со градини, индивидуално домување во викенд куќи, становање, индивидуално домување со терцерни дејности), големи трговски единици (трговски објекти, трговски центри, пазари, кванташки пазари, сточни пазари, агроберза, сервисни дејности), објекти за времено сместување (викенд населби, викенд зони, викенд куќи, мотели, планинарски домови, ловен дом, камп), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, катност, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Преземи го целиот оглас ТУКА

Преземи Решение за поништување на претходен оглас ТУКА

LAST_UPDATED2

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии