Христос Воскресе – Велигденска честитка од градоначалникот на Oпштина Берово
Насловна Актуелно Вести Христос Воскресе – Велигденска честитка од градоначалникот на Oпштина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Христос Воскресе – Велигденска честитка од градоначалникот на Oпштина Берово

Драги мои сограѓани,

Денес кога Исус Христос ја победи смртта со бессмртноста, денес кога Исус Христос ни го трасираше патот кон милосрдието, кон љубовта, кон почитта, сакам да ја искористам приликата да Ве поздравам со поздравот “Христос Воскресе, Христос Воскресе, Христос Воскресе“, и да продолжиме да го следиме патот на Исусовото одење зашто тој е тежок но секогаш исправен.

Затоа, почитувајте ги најблиските, ценејте ги пријателите и респектирајте го противникот зашто секогаш резултатите ќе стигнат, секогаш љубовта е посилна од омразата, секогаш почитта е подобра од непочитувањето.

Токму затоа на овој наш најголем христијански празник Ви посакувам да сте живи и здрави и со почит и љубов да продолжите и понатаму во Вашите лични и деловни успеси.

Нека ни е честит празникот Велигден.

Ваш градоначалник,

Драги Наџински

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии