Презентација на ИПАРД Програма
Насловна Актуелно Вести Презентација на ИПАРД Програма

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Презентација на ИПАРД Програма

ВО  БЕРОВО  РАБОТИЛНИЦА  ЗА  ИПАРД-ПРОГРАМАТА

Земјоделците од општина Берово на почетокот на декември се запознаа со ИПАРД програмата, која предвидува користење на средства од претпристапните фондови на ЕУ.

Васко Златков од Агенцијата за рурален развој при Универзитетот Гоце Делчев од Штип истакна дека целта на програмата е да се помогне на македонското земјоделство, но и да се реструктуира со цел да се задоволат стандардите кон ЕУ. Во таа насока презентерите истакнаа дека Малешевијата има специфики кои вградени во правна рамка ќе дадат автентични малешевски производи, кои ќе бидат брендирани и пласирани на пазарите.

Но пред тоа, Малешевијата мора најправин да поднесе предлог за прогласување на заштитно подрачје  а имајќи ја во предвид развојната земјоделска компонента на регионот  и можноста да се организира земјоделско производство само во 5-тата и 6-тата категорија на заштитни подрачја, предложија нашиот регион да влезе како повеќенаменско заштитно подрачје.  Производите излезени од заштитно подрачје имаат повисока дадена вредност, што е голема предност за земјоделците.

На презентацијата пред земјоделците акцент беше ставено на трите  мерки во ИПАРД-програмата. Мерката 101 опфаќа инвестиции во примарното земјоделство, 103-инвестиции во преработката на производите и мерката 302 опфаќа развој на рурални економски активности. На презентацијата беа истакнати и условите за апликација. Секој кој сака да аплицира за средства од ИПАРД програмата, мора да достави апликација со сите пропратни документи до Платежната агенција.

Земјоделците мораат прво да инвестираат 100%, а потоа по излегувањето на теренот од страна на стручните екипи ќе се утврди дали е сработено се според договорот, па ќе следи и префлање на 50% од парите.

Земјоделците се заинтересирани за новата програма, но велат дека поголеми можности за аплицирање имаат оние земјоделци кои веќе имаат капитал.

„Проблемот е што треба да се набават пари на рака, прво да се плати, а потоа парите да се вратат. Во услови на економска криза тоа е многу тешко за земјоделците кои немаат пари.“ – беше коментарот на поголем број од земјоделците присутни на работилницата.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии