Состанок на Ромската заедница
Насловна Актуелно Вести Состанок на Ромската заедница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Состанок на Ромската заедница

РОМА-ПРОГРЕС  БЕШЕ  ВО  БЕРОВО

Извештајот на Европската комисија за постигнатиот напредок на Македонија во 2009година во делот кој ги опфаќа правата и заштитата на малцинските заедници во земјата за прв пат се презентира на локално ниво во Берово.  Политичкиот советник на Ерван Фуере Дамјан Седар, заедно со претставник од Европската комисија и невладината организација Рома-Прогрес  го претставија  извештајот во Берово пред неколку ромски  невладини организации  од Берово, Пехчево и Делчево, како и други  субјекти од ромскиот етникум.

Дамјан Седар политички советник на Мисијата на Европската комисија, во врска со извештајот подвлече дека тој ја отсликува Македонија во сферата на меѓуетничките односи од септември 2008 до септември 2009 година и е отценет во целост  како позитивен во насока на подобрување на тој план, особено  да се подобри општата живеачка на Ромите, со подигнување на нивото на образование, подобрување на инфраструктурата на ромските населби, нивно вклучување во општествените активности, подигнување на нивото на едуцирање, здравствена заштита  и други домени. Ромската популација во општина Берово , која претставува 3% од населението на општина Берово го истакна добриот соживот што го има со Македонците  и како забелешка беше наведено  поактивно да бидат вклучени  во општинското и институционалното  работење во општината,  каде со активно вклучување може да допринесат за заеднички развој на заедницата. За вистински напредок го посочуваат моментот кога нивните проблеми ќе почнат да се гледаат како проблеми на заедницата, а не проблеми по основ на етничка припадност. На сугестијата од нивна страна дека нема нивни преставник во Советот и поради  тоа не се запознати со локалното работење, Претседателката на Советот Емилија Шуманска им даде објаснување дека седниците на Советот се отворени за јавноста, а исто така можат да доставуваат до Советот барања и предлози кои ќе бидат разгледувани и на кои ќе добијат повратен одговор. Голем дел од нивните прашања-инфраструктурни, образовни, комунални  идр. се вклучени и во стратешкиот план за развој на општина Берово за 2010год., а исто така можат да поднесат изработена во целост програма до општина Берово, која како таква ќе биде вметната во програмите за работа на општината и доколку дозволуваат финансиските можности на Буџетот на општината ќе биде реализирана. Општина Берово го изнесе фактот дека општината е расположена за соработка со сите, вклучително и со ромската заедница.  Претставникот од Европската комисија и посочи на ромската заедница дека мора заеднички да настапуваат,  да создадат линк за соработка со институциите на системот, а не преку поединечно изнесени проблеми.  Понатаму во излагањето го подвлече создавањето на долгорочна визија и подигнување на свеста кај Ромите од аспект на културно, образовно и  социјално  ниво за поуспешно интегрирање во општеството.  Заедничка отценка на присутните беше дека општина Берово напредува во погледот на правата и заштитата на Ромската популација  и недискриминацијата ниту по еден основ како малцинска заедница.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии