Децата во сообраќајот
Насловна Актуелно Вести Децата во сообраќајот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Децата во сообраќајот

ДЕЦАТА  УЧЕСНИЦИ  ВО   СООБРАЌАЈОТ

Во салата на „Партизан“ во Берово во тек е реализација на показната вежба  „сообраќаен полигон“  наменета за ученици од 2-ро до 4-то одделение од ОУ „Дедо-Иљо Малешевски“.  Вежбата  е во 2-та недела од реализацијата, а на неа можат да земат учество сите заинтересирани ученици од 2-ро до 4-то одд. Вежбата се реализира  и за другите подрачни училишта на ниво на општина Берово.

Целта на оваа превентивна активност  во областа на сообраќајот  е учениците да се здобијат со основни предзнаења  од областа на сообраќајот, заради нивна поголема безбедност во сообраќајот како пешаци и велосипедисти. За учениците таквите вежби претставуваат добра  можност за стекнување предзнаења за сообраќајот,  како правилно  да се однесуваат на патиштата и улиците како најмали учесници во сообраќајот.  Од нивна страна тие сакаат почесто да се организираат вакви активност,  бидејќи ги отценуваат како доста корисни особено за нивна возраст. Познавањето на сообраќајните правила  и прописи е основна сообраќајна култура, кои треба да се знаат уште од најмала возраст. За таа цел и се организира сообраќајниот полигон-вели Соња Кирјанска, еден од учесниците во проектот, и понатаму додава дека полигонот е всушност улица  на која треба децата да  знаат како правилно да се однесуваат.  Проектот се реализира во рамките на РСБСП „Безбедност во сообраќајот за сите деца“ од страна на ПС од ОН Берово.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии