Никола Петров-Русински го одбележа патрониот празник
Насловна Актуелно Вести Никола Петров-Русински го одбележа патрониот празник

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Никола Петров-Русински го одбележа патрониот празник

Со полагање  цвеќиња пред бистата на Никола Петров Русински во дворот на основното училиште Никола Петров-Русински во с.Русиново, започна  одбележувањето на патрониот празник на училиштето.

По повод  одбележувањето  на 134-години од раѓањето на Никола Петров-Русински пред бистата на загинатиот борец во 1943 година, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Берово г-н  Драги Наџински, претседателката на Советот на општина Берово Емилија Шуманска и вработените во училиштето заедно со директорката  Лилјана Буровска. По тој повод во училиштето  беше изведена пригодна програма од страна на учениците. Директорката на училиштето поздравувајќи ги присутните, ја  прогласи свечената програма за отворена. Учениците, ги запознаа гостите со делото на Никола Петров Русински, еден од големите македонски дејци и револуционери, ја истакнаа неговата заложба во севкупниот придонес за конечното ослободување на својата држава.  Неговата изрека  „Цела Македонија е мојот роден крај “ и денес  треба да биде наша гордост-порачаа учениците.  Во рамките на програмата  тие изведоа неколку литературни рецитали, посветени на храброста и  пожртвуваноста  на  Никола Петров –Русински за својот народ и својата земја.   Во стил карактеристичен  за  време на турскиот поробувач на нашите простори и со реторика својствена на драмите посветени на тој период  учениците  изведоа драмска претстава, која го отсликува животот на  Македонците под турското владење . Учениците облечени во народни носии,  преку изведбата на ора карактеристични за нашето поднебје и преку мелосот на оркестарот од основното училиште, ги потсетија  присутните гости, наставници, родители, ссоученици и граѓаните на Русиново,  на  изворната музика, песната и орото.  Директорката на училиштето на најдобрите ученици им подари скромни подароци ,посакувајќи   и   во иднина да продолжат со одлични  успеси  како и досега.  Градоначалникот на општинта Драги Наџински на училиштето му подари неколку фудбалски топки,  и им  порача на учениците покрај тоа што ќе бидат добри ученици  со ќе се гордееме и ќе ја градиме иднината, да бидат исто така и добри спортисти.

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии