Ќе се реконструира улицата "Маршал Тито"и централното градско пордачје
Насловна Актуелно Вести Ќе се реконструира улицата "Маршал Тито"и централното градско пордачје

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ќе се реконструира улицата "Маршал Тито"и централното градско пордачје

Влезниот дел на Берово и центарот на градот, во најскоро време ќе добијат сосема нов лик, со реконструкцијата на главна улица во градот „Маршал Тито“ и уредувањето на централното градско подрачје.

Граѓаните на Берово  отсекогаш сакале  да имаат уредено градско подрачје, како одлика на вистинска урбана и средена градска населба. Со тоа градот  би добил повеќе на поени и кај посетителите и туристите на Берово.  Благодарение на 2-та одржани Форуми во заедниците во општина Берово, на кои граѓаните зедоа активно учество и ги изложија како преоритети реконструкцијата на главна улица во Берово „Маршал Тито“ и уредувањето на централното градско подрачје, Берово ќе добие нова  слика на влезот и центарот.

Швајцарската агенција за обнова и развој преку Форумите во заедниците, на општина Берово ќе донира вкупно 12 милиони денари. Од буџетот на општина Берово ќе бидат издвоени дополнителните средства за реализација на проектите, за што градоначалникот Драги Наџински даде согласност и со кои како вкупен буџет наменет за реализација, ќе бидат финансирани двата проекти изгласани на Форумите во заедниците . За обнова на улицата „Маршал Тито“, која се протега од Полициската станица до Музејот на град Берово, предвидено е изградба на атмосферска канализација, асфалтирање на улицата и поплочување на тротоарите со бехатон и хортикултурно уредување, замена на старите и оштетени дрвја. Со нејзина реконструкција ќе се реши и прашањето на поплавена улица при поголеми врнежи од дожд,што создава потешкотии при одвивањето на сообраќајот, а неретко и граѓаните што живеат на  оваа улица се сочуваат со проблемот на поплавени подруми.  За овој проект подготвена е целата техничка документација во моментот се бара фирма, која ќе го реализира проектот. За проектот „Уредување на централното градско подрачје“, кое се простира  на подрачјето од  Музејот на град Берово до плоштадот „Димитар Беровски“, ќе биде уреден просторот пред објектот на Стоковната куќа и околу црквата „Успение на Пресвета Богородица“, вклучувајќи хортикултурно уредување, поставување на клупи за седење, уредување на местото пред споменикот на Димитар Беровски, целосно осветлување на овој терен и збогатување со други содржини. Уредувањето на ова подрачје ќе гради целина со плоштадот Димитар Беровски. За овој проект во тек е подготовката на техничка документација и барање на фирма, што ќе биде изведувач на работите. Главната градска улица и партерното уредување на централното градско подрачје со плоштадот Димитар Беровски, ќе дадат заокружена целина  на уреден влез на градот и центарот. Со реализација на овие два проекти значително ќе се подобри изгледот на Берово, на  општо задоволство на сите  неговите граѓани. Се разбира дека и посетителите на Берово  ќе имаат подобар впечаток за нас и за градот.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии