Во Берово успешно заврши форумот на заедницата
Насловна Актуелно Вести Во Берово успешно заврши форумот на заедницата

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово успешно заврши форумот на заедницата

Проектот  уредување на централното градско подрачје од Програмата за уредување на градежно земјиште  е едногласно усвоен на 5-тата форумска сесија  на Форумот на заедници,што по втор пат се спроведува во општина Берово.

Во рамките на 5-те форумски сесии граѓаните  распоредени по работни маса дадоа повеќе конструктивни предлози , кои прочистени на работилниците, беа вметнати во програмите на општина Берово.  Граѓаните дадоа  повеќепреоритети  за развој на општина Берово за 2010 година, од кои може да се издвојат: реконструкција на кеј на река Брегалница, уредување на централното градско подрачје во с. Будинарци, реконструкција на салата Партизан, изградба на мултифункционална сала на местото на постоечката кино-сала,изградба на градски базен, основање на центар за развој и поддршка на бизнисот, асфалтирање на ул. Јане Сандански,  подобрување на инфраструктурата во с. Смојмирово, воведување на нови технологи на енергетска ефикасност и други предлози произлезени од учесниците на форумот. Работните маси беа распоредени според главните општински активности, односно, локална инфраструктура, образование и култура, општинска администрација, социјала и спорт, економски развој и туризам, животна средина и др.  Покрај активното учество во давањето предлози  учесниците можеа да научат и многу повеќе за начинот на полнење на општинската каса,  издатоците од буџетот по различни основи, односно преку проекција на Буџетот  на општина Берово, присутните се запозаа со процесот на буџетирање и структурата на општинскиот буџет, како и со стратешкиот развоен план и преоритети за 2010година. Во таа насока граѓаните можеа да дадат и предлози поврзани со приходите на Буџетот, со цел да се зголеми приходната буџетска  ставка.  Форумскиот процес во општина Берово беше отценет како успешен , како добра можност за средба и развој на дискусии меѓу граѓаните, кои со нивното присуство и предлози покажаа транспарентност и заинтересираност да бидат креатори на општинскиот буџет. Јавните дискусии за состојбите во градот и селските населби, како  и потребите на граѓаните на локално ниво, се основа за развој и афирмација   на граѓанското учество и начинот на практикување на партиципативно и отчетно владеење на локалната самоуправа.  На присутните на форумот покрај претставниците на МЦМС и Единицата за координација на форумите,  за кој форумот во општина Берово  е спроведен најтранспарентно и за во иднина гледаат потенцијал за соработка со општина Берово, се обрати и градоначалникот на општина Берово Драги Наџински.  Тој се заблагодари на присутните за активното учество и успешното изгласување на проект, кој  се донесе едногласно од сите работни маси со максималните 5 поени.  За него форумот значи поттикнување на многу прашања за општина Берово, поттикнување на развојниот дух  на граѓаните ,како и давање насока во која треба да се движат работите во општина Берово, но и начин да се створи мост на соработка меѓу граѓаните и локалната самоуправа.  Тој ја нагласи подготвеноста на општината за реализација на избраниот проект, кој е во интерес на сите граѓани и кој заедно со претходно изгласаниот проект за реконструкција и уредување на улицата „Маршал Тито“, ќе направат еден комплетно заокружен проект  за уредување на влезниот дел во градот и центарот.

Вкупниот буџет за општина Берово за  реализација на изгласаниот проект изнесува 8.000.000, од кои 2.000.000 се учество на општина Берово, а 6.000.000 денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Програмата „Форум во зедниците“ во Берово ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС) во соработка со општина Берово.  Координатор е  Единицата за координација на форумите, а активно е вклучена и Заедницата на единиците на локална самоуправа(ЗЕЛС).

 

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии