Ќе се градат пешачки патеки на Беровското езеро
Насловна Актуелно Вести Ќе се градат пешачки патеки на Беровското езеро

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ќе се градат пешачки патеки на Беровското езеро

Во најскоро време ќе се почне со активностите-градење на две пристапни пешачки патеки до круната на браната на Беровското езеро.  Едната пешачка патека ќе се гради од хотелот на Беровоскот езеро Детско одмаралиште „Малешево“-Берово до круната на браната во должина од околу 600м и другата од хотелот до  објектот на кајакарското друштво во должина од околу 600м.

Изградбата на двете пешачки патеки како и поставување  на друга урбана опрема(клупи, светилки, корпи за отпадоци,) и подоцна градење на пешачка патека со која ќе се заобиколи целото Беровско езеро, се дел од  Програмата на Владата на РМ  за изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу  езерата во Република Македонија.Претставници од министерството за транспорт и врски  веќе беа во посета на Беровското езеро и ги разгледаа локациите на кои ќе им биде потребно доуредување, осовременување на крајбрежниот појас со поставување на заштитна ограда  и збогатување на содржините  на  Беровско езеро. Проектите за изградба на двете пешачки патеки се во целост подготвени од секторот за урбанизам при локалната самоуправа од Берово и заедно со информацијата што ја подготвиле претставниците од  министерството за транспотрт и врски   се доставени до Владата на РМ и чекаат на одобрување.

Со изградбата на пристапни и обележани патеки, осветлување на истите, поставување на туристичка сигнализација, информативни табли и поставување пропратни реквизити ќе се збогати туристичката инфраструктура на Беровското езеро, што сама по себе ќе доведе до збогатување на езерскиот туризам  и туристичката понуда во Берово. Така уреденото Беровско езеро би била добра туристичка понуда за посетителите на Берово и Беровското езеро. Претставниците од министерството за транспорт и врски за таа цел изјавија дека токму заради подобрување на т.н. еко-туризам доуредувањето на Беровското езеро  ќе биде преоритет во добивањето повратна информација  во позитивна смисла од Владата на РМ.

ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПАШЕЧКИ ПАТЕКИ НА БЕРОВСКОТО ЕЗЕРО

Во најскоро време ќе се почне со активностите-градење на две пристапни пешачки патеки до круната на браната на Беровското езеро. Едната пешачка патека ќе се гради од хотелот на Беровоскот езеро Детско одмаралиште „Малешево“-Берово до круната на браната во должина од околу 600м и другата од хотелот до објектот на кајакарското друштво во должина од околу 600м. Изградбата на двете пешачки патеки како и поставување на друга урбана опрема(клупи, светилки, корпи за отпадоци,) и подоцна градење на пешачка патека со која ќе се заобиколи целото Беровско езеро, се дел од Програмата на Владата на РМ за изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата во Република Македонија.

Претставници од министерството за транспорт и врски веќе беа во посета на Беровското езеро и ги разгледаа локациите на кои ќе им биде потребно доуредување, осовременување на крајбрежниот појас со поставување на заштитна ограда и збогатување на содржините на Беровско езеро. Проектите за изградба на двете пешачки патеки се во целост подготвени од секторот за урбанизам при локалната самоуправа од Берово и заедно со информацијата што ја подготвиле претставниците од министерството за транспотрт и врски се доставени до Владата на РМ и чекаат на одобрување.

Со изградбата на пристапни и обележани патеки, осветлување на истите, поставување на туристичка сигнализација, информативни табли и поставување пропратни реквизити ќе се збогати туристичката инфраструктура на Беровското езеро, што сама по себе ќе доведе до збогатување на езерскиот туризам и туристичката понуда во Берово. Така уреденото Беровско езеро би била добра туристичка понуда за посетителите на Берово и Беровското езеро. Претставниците од министерството за транспорт и врски за таа цел изјавија дека токму заради подобрување на т.н. еко-туризам доуредувањето на Беровското езеро ќе биде преоритет во добивањето повратна информација во позитивна смисла од Владата на РМ.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии