Даме Груев
Насловна Историја Даме Груев

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Даме Груев

ДАМЕ ГРУЕВ

Роден е на 17 декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и пак учител во Битола.

Тој е иницијатор и учесник при формирањето на ТМОРО во Солун на 23 октомври 1893 г. и е избран за секретар-касиер на Ц.К., но фактички тој е главниот раководител на организацијата во внатрешноста. Во 1897/1898 г. е интерниран од Солун во Битола. Поради таканаречената попставрева афера во Битола на 6 август 1900 г. е уапсен и осуден на 10 г. затвор. Пролетта 1903 г. е амнестиран. На Смилевскиот конгрес во април 1903 год. е избран за член на Главниот штаб на востанието во Битолскиот револуционерен округ. После востанието останува во Македонија и се зафаќа со обновување на разнишаните основи на Организацијата. Во октомври 1905 г. учествува на Рилскиот конгрес и е избран за член на ЦК на ТМОРО.                                                                                                      Загинува на 23 декември 1906 год., во борба со турска потера кај месноста Петлец близу  с. Русиново, Беровско.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии