Никола Петров-Русински
Насловна Историја Никола Петров-Русински

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Никола Петров-Русински

НИКОЛА ПЕТРОВ-РУСИНСКИ

Роден е на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Беровско. Во јуни 1895 год. се вклучил во редовите на Врховниот македонски комитет и учествува во Мелничкото востание. Истата година во Софија се запознава со Гоце Делчев и се вклучува во редовите на Внатрешната организација. Станува четник и заменик во четата на Гоце Делчев и учествува во неговите обиколки низ Македонија. Како истакнат организатор и војвода на чета, најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско струшкиот крај. Учествувал како делегат од Мариовскиот реон на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско.

Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и сидникалното движење. Учествувал во Балканската војна а потоа се јавил како кандидат на парламентарните избори во Пиринскиот реон. За време на Првата светска војна бил мобилизиран и учествува како војник. Во Софија, помеѓу двете светски војни, по долго боледување умираат неговата жена и двете ќерки. За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија.                                     Умрел во своето родно село Русиново, на 14 февруари 1943 година.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии