Насловна Култура Култура И оваа година ратевски бамбурци ќе ги растеруваат злите духови

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

И оваа година ратевски бамбурци ќе ги растеруваат злите духови

Маскирани со кожи и рогови, бамбурците ја продолжија вековната традиција на  Ратево. Со своите маски и големите метални ѕвонци трчаат по селските улици да ги истераме лошите духови од селото. Таков е адетот на овој ритуал, со кој околу илјада години со застрашувачки маски од животински кожи  го растеруваме злото и болестите кај луѓето и добитокот. Маскирањето во кожи од овци и кози е симбол и препознатливост на ратевскиот карневал.

 

Во натпреварувачкиот дел на карневалот се претставуваат околу 20 групни маски од Малешевијата, Тиквешко, Струмичко, Прилепско, а неколку години карневалот добива меѓународен карактер со учеството на карневалски групи од соседните држави.

Во забавниот дел од програмата и оваа година ќе учествува КУД „Димитар Беровски“ од Берово и неколку фолклорни групи од соседните општини.

И оваа година жири комисијата  ќе додели награди и признанија за најуспешните маски, а на сите учесници во карневалот ќе им се доделат благодарници.

- Од година на година карневалот во нашето село добива на масовност, а последните неколку години има и интернационален карактер. Одржувањето на карневалот кој има столетна традиција со матерјални средства го помогнаа локалната самоуправа од Берово, ЈКП Услуга и повеќе фирми и поединци од селото Ратево и општината, изјави Атанас Валмарски, претседател на организациониот одбор.

Карневалот „Ратевски Бамбурци“се одржува на верскиот празник Свети Јован. Ова име и галовните форми изведени од него (Ване, Ванче, Јово, Јове) е мошне популарно во Малешевијата и сите што го носат ова име во своите домови приредуваат празнична трпеза за гостите и учесниците на карневалот или таканаречена Јованденска визита.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии