Насловна Историја Иљо Марков Малешевски-Дедо Иљо

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Иљо Марков Малешевски-Дедо Иљо

ИЉО МАРКОВ МАЛЕШЕВСКИ-ДЕДО ИЉО

Познат е и како Иљо Марков Мустрекински, Иљо Војвода. Роден е на 28 мај 1805 година во Берово. Ајдутски водач и четнички војвода кој десетина години се движел со чета во Малешевијата, Пирин и Рила. Во 1862 год. зел учество во борбите против турскиот гарнизон во Белград, со еден доброволечки одред од Македонци.

Со свој одред учествувал во Српско-Турската (1876), а потоа и во Руско-Турската (1877-78) војна во Бугарија. Во последните денови од војната, заедно со една руска единица го ослободил Ќустендил. Учествувал во Кресненско-Разлошкото востание (1878-79), а во голема чета составена од Македонци дејствувал и во Српско-бугарската војна (1885). По појавата на четите на ТМОРО, веќе стариот Иљо војвода им дава вредни совети на многу од четниците на пат од Бугарија за Македонија, за да го добијат неговиот благослов.

Умира на 17 април 1898 година во Ќустендил, Бугарија..

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии