Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање

Напишано од Administrator
ПДФПечатиЕ-маил
22
Авг
2013

ОБЈАВА

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на

Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање

 

за изградба на објекти за домување во стамбени куќи A1(семејни куќи со градини, индивидуално домување, становање, зона на зејоделски домаќинства, селски стопански дворови, индивидуално домување со терцерни дејности ), големи трговски единици Б2(трговски објекти, трговски центри, пазари, кванташки пазари, сточни пазари, агроберза, сервисни дејности), и објекти за времено сместување А4 (викенд населби, викенд зони, викенд куќи, мотели, планинарски домови, ловен дом, камп)

во туристичка населба Суви Лаки - општина Берово

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Општина Берово, предвидено со Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичка населба „Суви лаки“, донесен со одлука бр.07-974/1 од 15.08.2007 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена - домување во стамбени куќи (семејни куќи со градини, индивидуално домување, становање, зона на зејоделски домаќинства, селски стопански дворови, индивидуално домување со терцерни дејности ), големи трговски единици (трговски објекти, трговски центри, пазари, кванташки пазари, сточни пазари, агроберза, сервисни дејности), објекти за времено сместување (викенд населби, викенд зони, викенд куќи, мотели, планинарски домови, ловен дом, камп), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, катност, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД ВО ПРИЛОГ:

НУМЕРИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ НА НИВО НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА И ПЛАНСКИ ОПФАТ ЗА

ТУРИСТИЧКА НАСЕЛБА СУВИ – ЛАКИ БЕРОВО

Број на

катастарс.

парцела

(сите КО Русиново)

Број на

градежна

парцела

Класа на намена

Површина на парцела м2

Површина на градба м2

Бруто развиена површина м2

Катност

Висина на венец м'

Процент на изграденост %

Коефициент на искористеност

К

Потребни паркинг места

Почетна цена по м2

(денари)

Вкупна почетна цена (денари)

Депозит на учестви на електронско јавно наддавање 10%(денари)

БЛОК 1

9807/2

1.65

A1

583

100

300

П+1+Пк

7,50

17

0,51

4

61,00

35.563,00

3.556,00

9807/3

1.66

A1

744

100

300

П+1+Пк

7,50

13

0,40

4

61,00

45.384,00

4.538,00

9634/2

1.73

A1

713

100

300

П+1+Пк

7,50

14

0,42

4

61,00

43.493,00

4.349,00

9633/15

9634/3

1.79

A1

1964

100

300

P+1+Pk

7,50

5

0,15

4

61,00

119.804,00

11.980,00

9807/4

8735/9

1.8

A1

1354

100

300

P+1+Pk

7,50

7

0,22

4

61,00

82.594,00

8.259,00

9633/8

1.88

A1

607

100

300

П+1+Пк

7,50

16

0,49

4

61,00

37.027,00

3.703,00

9633/2

1.103

A1

954

100

300

П+1+Пк

7,50

11

0,32

4

61,00

58.194,00

5.819,00

9633/4

1.105

A1

878

100

300

П+1+Пк

7,50

11

0,34

4

61,00

53.558,00

5.356.00

9633/5

9634/8

1.106

A1

867

100

300

П+1+Пк

7,50

12

0,35

4

61,00

52.887,00

5.289,00

БЛОК  2

9912/2

2.16

A1

492

100

300

П+1+Пк

7,50

20

0,61

4

61,00

30.012,00

3.001,00

9601/13

9647

2.43

A1

751

100

300

P+1+Pk

7,50

14

0,41

4

61,00

45.811,00

4.581,00

9601/18

2.46

A1

622

100

300

P+1+Pk

7,50

16

0,48

4

61,00

37.942,00

3.794,00

9601/13

2.48

A1

670

100

300

P+1+Pk

7,50

15

0,45

4

61,00

40.870,00

4.087,00

9890/2

9881/1

9672/4

2.148

Б2

4968

2117

6351

П+2

10,20

43

1,28

212

245,00

1.217.160,00

121.716,00

9967/2

9671/2

9844/2

9672/2

2.149

A1

1219

100

300

P+1+Pk

7,50

8

0,24

4

61,00

74.359,00

7.436,00

БЛОК 3

9604/6

9604/7

9472/3

3.32

A1

725

100

300

P+1+Pk

7,50

14

0,41

4

61,00

44.225,00

4.422,00

9604/10

9508/2

3.61

A4

7440

2320

6960

П+2

10,20

31

0,94

25

245.00

1.822.800,00

182.280,00

9604/6

3.75

A1

748

100

300

П+1+Пк

7,50

13

0,40

4

61,00

45.628,00

4.563,00

9697/2

9844/7

9527/2

3.89

Б2

2560

767

2301

П+2

10,20

30

0,90

77

245,00

627.200,00

62.720,00

БЛОК 4

9534/5

4.38

A1

591

100

300

P+1+Pk

7,50

17

0,50

4

61,00

36.051,00

3.605,00

БЛОК 5

9986/1

9940/2

5.37

A1

644

100

300

P+1+Pk

7,50

15

0.46

4

61,00

39.284,00

3.928,00

БЛОК 6

9850/2

6.14

A1

860

100

300

П+1+Пк

7,50

12

0,35

4

61,00

52.460,00

5.246,00

9850/3

6.15

A1

752

100

300

П+1+Пк

7,50

13

0,39

4

61,00

45.872,00

4.587,00

9929/6

6.41

A1

493

100

300

П+1+Пк

7,50

20

0,61

4

61,00

30.073,00

3.007,00

9930/1

6.87

A1

644

100

300

П+1+Пк

7,50

15

0,47

4

61,00

39.284,00

3.928,00

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

Сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија согласно со закон кои ги исполнуваат условите дадени во објавата, односно:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко  и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните домашни и странски, физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во писмена форма, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела), комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):

1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);

2.Доказ за платен депозит;

3.За физичките лица уверение за државјанство;

4.За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;

5.Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице и

6.e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање. (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е – mail адреса, Општина  Берово ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата)

7.Фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе се враќа уплатениот депозит за учество на јавното наддавање и задолжително телефонски број за контакт.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени (Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или пак фотокопија заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии).

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед изнесува 61 денари од метар квадратен  за намена А1, и  245,00 денари од метар квадратен за намена А4 и Б2.

ДЕПОЗИТ

1.Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и изнесува 10 % од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно;

2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Општина Берово , Народна Банка на Република Македонија, трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 702014000269613 , приходно конто 733111 и програма 00 со назнака „депозит за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште“, за секоја градежна парцела посебно;

3.Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10 % од депонираните средства.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 25.09.2013 година година на адреса на Општина Берово ул.„Димитар Влахов“ бр.10 – Берово или директно во писарница на Општина Берово.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 30.09.2013 година во 14.00 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.

ПОСТАПКА

1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат,во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронско јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата што ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.

3. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4. Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.

5. Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6. Наддавањето се врши ,,чекорно’’ со зголемување на вредноста во секој ,,чекор’’ не помалку од 10,00 денари за градежните парцели со намена А1, и не помалку од 25,00 денари за градежните парцели со намена A4 и Б2.

7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути, нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8. Електонското јавно наддавање може да трае и пократко од предвидениот временски рок, доколку учесниците на јавното наддавање се откажале од натамошно наддавање и останал само еден учесник кој се смета за најповолен понудувач.

9. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

10. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведено јавно наддавање и електронски го доставува  до сите учесници на јавното наддавање.

11. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена  од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена  на наддавањето.

12. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапикон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

13. По извршената уплата во утврдениот рок Градоначалникот на Општина Берово склучува договор со најповолниот понудувач  за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува  во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот  да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 20% од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот купувачот се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено во рок од 6 години од правосилноста на прибавеното одобрение за градење, при што доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец од втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата година и секоја наредна година од истекот на рокот.

14. Најповолниот понудувач се обврзува  да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.

15. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

16. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

17.Во случаите кога Република Македонија е сопственик на повеќе од 70% од вкупната површина на градежната парцела, идниот купувач, има обврска да ги реши  имотно-правните односи за останата површина од градежната парцела сопственост на други лица, со останатите сопственици на земјиштето, согласно закон.

18. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот. Против решението донесено од страна на Комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, учесниците имаат право да поднесат жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен.

*Оваа објава ќе биде објавена и на интернет страницата на Општина Берово www.berovo.gov.mk

Бр. 23-1655/1                                                     Комисија за спроведување на постапки

 

22.08.2013 година                                                                 за јавно наддавање

LAST_UPDATED2

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии