Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Туризам

Она што Берово го нуди спој на природни убавини, култура и традиција, предизвици на кој ретко кој може да им одолее.

Културно-историското наследство и природните убавини се нераскинлива целина која мора да ја истражите за да навлезете во духот на традицијата и потеклото зошто тие се основа на постоењето на секое битие. Во Општина Берово се уште се негуваат дел од традиционалните настани, како потсетување на културните вредности што треба да ги предадеме на следните генерации.

Природните убавинина Берово ќе ви ја вратат физичката сила, а црквите и манастирите кои можете да ги посетите ќе ви помогнат да најдете душевен мир и спокојство.

За љубителите на спортските активности и современиот динамичен човек кој има потреба од движење, како и за надополнување на туристичката понуда, во Берово и околината се нудат бројни содржини. На територијата на Општина Берово има маркирано пет пешачки патеки. Дел од пешачките патеки може да се искористат и за велосипедизам.

Својот комфорт можете да го најдете во рамки на  трите туристички населби : Беровско Езеро, Абланица и Суви Лаки, со прекрасни предели за прошетка, спорт и рекреација, за излет со добро друштво или собирање шумски плодови и чаеви кои ги има во изобилство. Можете да бидете сместени во преубавите викендици или во хотелите во традиционален стил во кои ќе можете да поминете прекрасни и незаборавни моменти.

Може да наидете  на бачила односно планински колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и изворно да ја видите подготовката на надалеку познатото Малешевско сирење.

Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, дојдете и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот.

www.visitberovo.com.mk

Туристите привлечени од традицијата

ПДФПечатиЕ-маил

09
Февруари
2010

 

Извор: Дневник

Алтернативниот туризам е основата врз која менаџерите од хотелот „Манастир“ ги промовираат убавините на малешевскиот крај, кој ги освојува и домашните и странските туристи. Во текот на шестгодишното постоење во овој хотелски комплекс престојувале туристи од цела Европа, Кина, Австралија, а во последно време и домашните туристи се заинтересирани за алтернативниот туризам исполнет со голем број авантури низ малешевскиот крај.

Од кога постои комплексот „Манастир“ и дали од самиот почеток бевте водени од идејата да го развивате алтернативниот туризам?

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Туристите привлечени од традицијата

 

Аурора гради хотелски комплекс

ПДФПечатиЕ-маил

09
Февруари
2010

“Аурора” го промовира Берово како воздушен коридор на Балканот

Извор:Капитал

Јавање коњи по Брегалница, сафари со џипови, пловење по бистрите езерски води и запознавање со локалната традиција е дел од проектот    “Берово - воздушен Коридор на Балканот” на туристичката агенција Аурора од Скопје.

Магдалена  Михајлоска

Во Аурора велат дека се одлучиле да го комерцијализираат овој дел од Македонија заради одличните можности за еко туризам.

“Низ Берово минува кислороден коридор, односно има максимална презаситеност на воздухот со кислород. Вакви места се реткост во светот, бидејки се сметаат за природни феномени”, вели Роза Сирачевска, сопственик и менаџер во туристичката агенција Аурора.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Аурора гради хотелски комплекс

 

Форум за алтернативен туризам

ПДФПечатиЕ-маил

05
Февруари
2010

[Традиционални Производи]Малешевската приказна патоказ за успешен алтернативен туризам

Source:Gestalt Solutions(2009-11-15)

Извор: emaho.com

Затскриено во падините на Малешевските планини, Берово и околината викендов беше домаќин на десетици гости, решени токму од таму да го започнат развојот на алтернативниот туризам во земјава. Иницијатор на идејата е Асоцијацијата за балканскиот алтернативен туризам - Балканија во која покрај Македонија, членуваат Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Италија. Балканија викендов за прв пат организираше Форум за алтернативен туризам, во рамки на кој Берово е одбрано како почетна дестинација од Македонија, токму поради одличните предуслови за развој на ваквиот тип туризам.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Форум за алтернативен туризам

   

Форум за алтернативен туризам

ПДФПечатиЕ-маил

02
Февруари
2010


Oдржан првиот балкански форум за алтернативниот туризам

Скопје, 16 ноември (МИА) - Соработка и вмрежување на туристичките субјекти од Балканот за создавање автентичен балкански туристички производ, е заклучокот од првиот балкански форум за алтернативен туризам што викендов се одржа во Скопје и во Берово.

- Балканските земји, Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија, имаат силен потенцијал за развој на алтернативниот туризам - природно и културно наследство и традиција.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Форум за алтернативен туризам

 

Беровско езеро

ПДФПечатиЕ-маил

02
Февруари
2010

Беровско езеро - место за душевен мир

Извор: www.patuvajna.info

Доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата кои во Македонија ги има во избилство, испланирајте викенд на Беровско езеро.

Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница. Според една од легендите градот Берово името го добил кога луѓето од околните села и населби почнале да се ‘берат’ во Малешевската котлина.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Беровско езеро

   

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии