Ќе се рестартира фабриката ,,Белема" во Берово
Директни резултати од посетата на Премиерот Груевски на Берово
Во 90-те години повеќе производствени капацитети во државава беа жртви на транзиционите процеси. Опоравувањето на македонската економија оди тешко, со оглед на тоа што сега не зафати и напливот на глобалната економската криза. Во времето на транзицијата многу наши фабрики ставија клуч на врата и веќе не се отклучија повторно. Како последица на тоа многу наши семејства наеднаш ја изгубија својата основна егзистенција и голем дел го напуштија градот, губејќи надеж во заживувањето на Берово и неговото стопанство.
Како резултат на долгорочните последици што ги трпат граѓаните на општината на економски план градоначалникот вложи напори да се стават во функција некои од стопанските објекти. За таа цел посетата на премиерот на Р.Македонија Никола Груевски на Берово ја искористи за да се разгледаа можностите за рестартирање на некои од некогашните производствени капацитети.
Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински и премиерот, покрај другото ги разгледаа и можностите за ставање во функција на некогашната фабриката за производство на полиетиленска самолеплива лента, антикорозивна лента, чевларска лента, креп-хартија, фластер и ханзапласт-Белема. Овој стопански објект, кој скоро една деценија не работи, со повторното активирање на производството ќе има можност да се вработат најмалку 30 работници, што значи пристојна егзистенција за 30 наши фамилии, а доколку се зголеми производството во иднина ќе се зголеми бројката на вработени-рече градоначалникот на општина Берово во разговорот со македонскиот премиер.Тој пак од своја страна, имајќи ја во предвид слабата економска развиеност на овој крај, изрази подготвеност во целост да ги поддрежи напорите на градоначалникот за заживување на веќе постоечките стопански објекти или отпочнување со работа на нови, кои се добредојдени за општина Берово, како општина која се соочува со најголем процент на невработени во Републиката.
Имено градоначалникот Наџински и пратеникот од општина Берово во Собранието на Р.Македонија Миле Пачемски правеа огромни напори сѐ со цел да се стави во функција објектот на Белема. Општината се соочуваше со нерешени имотно-правни проблеми, па поради тоа за „Белема“ не можеше да се распише тендер за продажба и да се остварат купопродажните договори. За да се створат услови за рестартирање на производството на фабриката Градоначалникот ги стави во функција сите правни механизми со цел да се изнајде решение за имотното право на фабриката Белема. По неколку обиди преземени од градоначалникот и пратеникот сега работите се доведени во позиција за отпочнување на нормално одвивање со работата на Белема.
Како резултат на изнајденото имотно-правно решение во моментот тече тендерот за продажба на фабриката Белема, која се нуди со почетна цена од 742.000 евра без вклучен ДДВ.
Понудите треба да содржат извод од тековна состојба на понудувачот не постар од 3 месеци, доказ дека понудувачот не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација, извештај за биланс на состојба, биланс на успех и бонитет издаден од надлежна институција и банкарска гаранција од 5 отсто од почетната цена.
Во ивестувањето објавено на страната за електронски информации се вели дека продажбата ќе се врши по пат на прибирање на писмени понуди, кои покрај финансиската понуда треба да содржат: Извод од тековна состојба не постар од 3 месеци; Доказ дека понудувачот не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација; Извештај за биланс на состојба, Биланс на успех; и Бонитет издаден од надлежна институција и Банкарска гаранција од 5% почетна цена.
Откако ќе истече рокот за пријавување на тендерот, комисија ќе отцени кој правен субјект ги исполнува потребните услови и критериуми, и со него ќе се склучи купопродажниот договор.
Со реставрацијата на фабриката се очекува да се зголеми производството, а со тоа и бројот на вработени. Пред да се затвори фабриката, во неа работеа 30 работници.



