Насловна Актуелно Вести Берово наскоро со нов лик

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински ...

Берово наскоро со нов лик

Со подобрување на временските услови стартуваат проекти кои ќе го променат ликот на Берово

Проектите за Уредување на централното градско подрачје (доизградба на плоштадот Димитар Беровски) и реконструкција на ул. Маршал Тито  заедно со уште неколку проекти  успешно ќе ја одбележат 2009 и 2010 година за Општина Берово.  Активното учество на граѓаните на форумските сесии и професионалниот однос на општинската администрација,  придонесе општина Берово да реализира два крупни проекти за општината со помош на донациите од Швајцарската агенција за обнова и развој.

Да потсетиме дека реконструкцијата на главната градска  улица , што се протега од Полициската станица до Музејот на град Берово, беше проект изгласан на првиот Форум на заедниците кој безрезервно беше подржан од Градоначалникот Драги Наџински. Проектот се спроведува во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка од каде се  обезбедени 6 000 000 денари, а вкупниор буџет на проектот  чини  околу 13 000 000 ден..

Заложбите на Градоначалникот Драги Наџински да се реализира крупен инфраструктурен проект и да се оствари желбата на граѓаните, градоначалникот Наџински пред учесници на форумот превзема обврска да обезбеди уште 7 000 000 денари дополнителни средства за целосна  реализација на проектот.

Проектот- реконструкција на улицата Маршал Тито  опфаќа асфалтирање на улицата, трајно решавање на проблемот со атмосферската канализација, поплочување на тротоарите со бехатон и замена на старите и оштетени дрвја на улицата ќе се изврши  комплетно хортикултурно уредување.

forum5 018
forum5 018
img_2664
maral tito 008
picture-

На 27 Мај 2009 година Програмата Форуми во заедницата објави оглас за аплицирање на општините за учество на Буџетски форум, Меѓуопштински форум и класичен Форум на заедниците. (http://forumivozaednicata.com.mk/content/view/191/53/lang,mk/)

Одлуката на градоначалникот Наџински и тимот за Локален економски развој, беше да се аплицира за Програмата која што нуди најголеми финансиски можности. На 30 Јуни 2009 година Општина Берово аплицира за Буџетски форум, која што апликација покасно беше одобрена.

Буџетскиот форум во општина Берово се одвиваше во пет форумски сесии во период Октомври-Ноември 2009 година.

Општината за да ја задржи транспарентноста и да го зголеми бројот на учесници објавуваше плакати  и објавуваше соопштенија во локалните медиуми пред секоја сесија. На еден  од тие медиуми после секоја одржана форумска сесија се информираше јавноста детално за работата на форумот. Градоначалникот во неколку  интервјуа ја повикуваше јавноста за  за активно вклучување и одлучување на форумот.

На Буџетскиот форум граѓаните го предложија и избраа проектот за Уредување на централното градско подрачје во вредност од 9 300 000 денари.

Со изгласаниот проект во првиот Буџетски форум - Уредување на централното градско подрачје,  Берово ќе добие една комплетно уредена слика на влезниот дел на градот и центарот.

Уредувањето на центарот го опфаќа просторот пред објектот на старата Стоковна куќа со поплочување и оформување на просторот, ставање на канделабри, клупи за одмор и хортикултурно уредување, потоа  уредување на просторот  околу  црквата Рождество на Пртесвета Богородица и продолжување на плоштадот и на  дел од главната улица.

На тој начин ќе биде проширен плоштадот  Димитер Беровски и ќе прави една заокружена целина со уредувањето на централното подрачје.  По проекцијата  на проектот  неговата вкупна сума за реализација  изнесува 9.300.000,000 , од кои донација од Швајцарската агенција за обнова и развој се 6.000.000 ден, а останатите 3.300.000 ден. се обезбедени од Буџетот на општината преку буџетската проекција за фискалната 2010 година.

И двата крупни инфраструктурни проекти општина Берово ќе ги реализира во текот на 2010 година веднаш штом се создадат поволно временски услови за извршување на градежните работи.

Прашајте го Градоначалникот


Инфо Берово Pdf

vesnik