Берово како град кој се повеќе се издигнува во сферата на културните случувања, покажа дека може да се носи со големите центри на културата.
Во деновите од 26 до 28 август, Берово беше центар на второто издание на Етно плоштад фестивалот кој претставува еден од најголемите фестивали на отворено во Источна Македонија.
Историјата е алка од човечкото постоење која го плете синџирот на иднината без кој една држава не би можела да постои и не би имала традиција за пренесување и празнување. Таа зборува за македонскиот непокор и македонската борба за слобода.
Потребата за реконструкција на локалните патишта во Општина Берово, наложи делување и реализација на најприоритетните проекти за реконструкција на патиштата.